Хрватска пошта, пред десетина дена, стана партнер на „Амазон“, а според некои извори услугата ќе ја нуди и на земјите од регионот вклучително и Македонија.
ДО 2020 година проментот на Хрватска пошта во просек растеше од 15 до 20 отсто годипно, а поради епидемијата скокна за 30 отсто. Слични трендови бележат и другите јавни поштенски служби во земјите од Европската унија, пишува хрватски „Пословни дневник“.
Иако во претходниот период се чинеше дека националните пошти, вклучително и Хрватска пошта, станаа малку архаични организации кои повеќе имаат социјален отколку пазарен карактер, такашто згрижуваат поголем број вработени од енда страна, а истовремено одржуваат нерентабилни порштенски канцеларии во рурални средини од земјите, како и на островите каде поштенскиот службеник може со леснотија да ги наброи сите корисници на услуги – технологијата бо еден бизарен склоп на околности всушност, ги спаси ваквите фирми.
Имено, на почетокот на 2000-тите поштенските служби, во сред либерализација, главно изгубија смисла затоа што на пазарот на пратки, а кој главно се состои од достава на писма, се најдоа нови, иновативни и добро организирани помали фирми, од кои некои досеганаа национални или глобални рамки. Но, тогаш, кон крајот на 200-тите нагло, најпрво во САД и во западна Европа, заживеа онлајн трговијата и се повеќе купувачи почнаа стоката да ја нарачуваат преку интернет, а по природата на нештата тоа подразбира доставен синџир.
Иако имаше обиди, а некои фирми тоа го прават и денес, во сопствен аранжман имаат нарачка, продажба и достава, повеќето сепак одлучија да се занимаваат само со нарачка и продажба, или дури и само со продажба, а доставата ја оставија на рпофесионалци. „Амазон“ секако е пионер во тој сегмент, за денес да стане трговија со милион вработени и годишен промет од 280 милијарди долари.
Иако „Амазаон“ има сопствени брендови и услуги кои ги продава, а преку нив, својата стока и услуги ја нудат околу пет милиони разни продавници. Иако глобално на пазарот постојат низа други доставни комапнии, како „DHL“, „FedEx“, „UPS“, „GLS“, „DPD“, а во поново време и платформите како „Uber“, „Wolt“, „Glovo“ и други, во дадена ситуација повторно на важност добија националните пошти. Иако, речиси сите такви пошти, вклучително и Хрватската, го раздрвоија своето делување со профитабилни пакетни достави од оние од доменот на задолжителни јавни услуги, факт е дека тие со својата големина, оргаизација, а по правило со државен грб, може да бидат доверлив партнер на големите играчи како што е „Амазон“.
Извор – Скопје Инфо