Уништувањето на шумите во Амазонија го достигна врвот во последните 12 години, што предизвика критики на сметка на владата на претседателот Жаиро Болсонаро. Според бразилскиот Национален институт за вселенски истражувања, кој ги анализира сателитските снимки, за 12 месеци, заклучно со август, во Амазон се уништени вкупно над 11.000 квадратни километри шума.
Станува збор за површина која е поголема од површината на Јамајка. Тоа е раст од 9,5% во однос на минатата година, кога уништувањето на прашумите веќе имаше достигнато рекорд за последните 10 години.
„Поради сечењето на шумите Бразил веројатно е единствениот најголем емитувач на стакленички гљасови кој успеа да ја зголеми емисијата на гасови во текот на оваа година, кога се стопираше и целата светска економија“, оцени Ооерваторијата за клима, која е навладина организација од Бразил.
Шумите како Амазон играат клучна улога во контролата на климатските промени поради способноста да го апсорбираат јаглерод диоксидот, но кога дрвото ќе се запали тоа го враќа јаглерод диоксидот во атмосферата.
Претседателот на Бразил, кој е климатски скептик, се најде на удар на жестоки критики од меѓународната заедница поради начинот на кој управува со животната средина, особено во текот на 2019 година поради наголото зголемување на пожарите во Амазонија.
Брљазилската влада повикува на легализација на земјоделските или рударските активности во заштитени подрачја и ги скрати средствата за програмата за заштита на животната средина. Еколозите истакнуваат дека ваквата политика го поттикнува уништувањето на Амазонија, која е најголемата тропска шума во светот и од која 60% се наоѓаат во Бразил.
Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден во октомври му се закани на Бразил со значителни економски последици ако се продолжи со сечењето на шумите во Амазонија, но претседателот Болсонаро предупреди дека неговата земја не планира да трпи притисоци по тоа прашање.
(N1)
(фото: Pxfuel)