Обединетите Арапски Емирати ја одобрија кинеската вакцина

- Advertisement -

Обединетите Арапски Емирати ја одобрија вакцината против корона вирусот на кинеската компанија Sinopharm. Наведуваат дека вакцината е ефикасна во 86% од случаите врз основа на заклучоците од анализата од третата фаза од тестирањата.

Министерството за здравство на ОАЕ објави дека официјално ја регистрирале вакцината. Таа вакцина во ОАЕ од јули годинава беше во третата фаза од тестирање, која е последната фаза од клиничките анализи пред одобрување, и во септември доби дозвола за итна употреба за здравствените работници.

- Advertisement -

Оваа објава е битна потврда за довербата која здравствените власти на ОАЕ ја имаат во безбедноста и ефикасноста на вакцинат. Здравствените власти ги испитале прелиминарните резултати од третата фаза и утврдиле ефикасност од 86%.

Анализата покажала дека ефикасноста на вакцината е 100% во спречувањето на тешките и средните облици на болеста, како и дека нема сериозна загриженост за нејзината безбедност.

- Advertisement -

Досега две вакцини против корона вирусот ја поминаа третата фаза од испитувањето во ОАЕ – вакцината на Sinopharm и руската вакцина Sputnjik V. Емирот на Дубаи, шеикот Мохамед бен Рашед ал Мактум, изјави минатиот месец дека примил експериментална вакцина, но не наведе која.

(Beta)

- Advertisement -

(фото: Pixy.rg)

Сподели!
- Advertisement -