Египет го сведе корона вирусот на минимум и сега повикува туристи за празниците

- Advertisement -

Египет е безбедна дестинација за туристите затоа што строгите мерки го сведоа бројот на заразени со корона вирусот на минимум во ова најпопуларно одморалиште во светот. Египетските власти велат дека бројот на новозразени и постојни болни од корона 9 вирусот во најпопуларните одморалишта во Еипет, Хургада и Шарм ел Шеик, е на минимум.

Министерството за здравство на Египет спроведува строги мерки, а за сите кои немале можност да се тестираат во своите земји, од 1 септември годинава тоа е обезбедено на аеродромите во туристичките дестинации во Египет, а резултатите се чекаат најдолго 24 часа.

- Advertisement -

Во најпопуларните египетски дестинации нема многу локално население, па нема ни многу интеракција меѓу луѓето. Вработените во сместувачките капацитети се обучени да ја сочуваат својата и безбедноста на туристите. Во случај да има заразени туристи, тие веднаш се ставаат во изолација. Покрај тоа, на авиокомпаниите им се одобрени ослободувања од надомест за слетување и намалени цени на горивата во Египет.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -