ВИДЕО: Ова е најлудиот дизајн на телефон на преклоп досега

- Advertisement -

Кога станува збор за смартфоните од иднината, секој има своја визија. Една од најинтересните припаѓа на производителот на телефони Oppo, кој смета дека т.н. телефони на лизгање се идниот чекор во еволуцијата на уредите без кои тешко можеме да го замислиме секојдневието.

Oppo во соработка со јапонското дизајнерско студио Nendo осмисли смартфон со лизгање кој се отвора така што ги „лизгате“ неговите делови во формата којашто ви одговара, во зависност од потребите и практичноста.

- Advertisement -

Може да се преклопи исто како и моменталните смартфони на преклоп, а може и делумно да се отвори, во зависност од тоа дали ви треба поголема површина за фотографирање, видеа, видеоповици и слично или ви е доволен мал дел од екранот за да можете да видите кој ве повикува и да можете да ги прочитате известувањата.

Мислеле и на тие што сакаат да играат мобилни игри, па ако уредот се отвори целосно, се добива место и за огромен екран, но и за две управувачки команди на левата и на десната страна од екранот, кои не пречат во погледот на играта.

- Advertisement -

Ако се отвори нa првиот преклоп, ќе се ослободат четири сантиметри екран кои се доволни за основните функции на мобилниот телефон, како што се прегледување повици, отворање апликации за слушање музика или за читање известувања.

На вториот преклоп се добиваат 8 см екран, што е доволно за фотографии, а посебно за селфи, затоа што камерите се свртени кон вас во таа положба. Кога целосно ќе се отвори се добива најголемата површина на екранот, а камерите тогаш се на стандардна позиција на задниот дел на уредот.

- Advertisement -

Од Oppо не откриваат кога планираат да го пуштат во продажба телефонот, но можеби ќе се појави на некој од саемите идната година.

(TechEBlog)

(фото: YouTube screenshot и веб страница на компанијата)

Сподели!
- Advertisement -