Научници од Универзитетот Оксфорд изгледа пронајдоа начин како да се намали загадувањето предизвикано од воздушниот сообраќај. Имено, тие успеаја да го претворат јаглерод диоксидот од воздухот во гориво со нулта емисија на отровни стакленички гасови.
Техниката се состои од загревање на мешавина од лимонска киселина, водород и катализатори составени од железо, манган и калиум за CO2 да се претвори во течно гориво за млазни авиони, пишува Engadget. Таквиот пристап е евтин, едноставен и користи материјали кои ги има во изобилство, а е значително поевтин од процесот на претворање на хидрогенот и водата во гориво.
Авионското гориво моментално е произведено само во лабораториски услови и во минимални количини, но претставува голем напредок во производството на гориво кое не ја загадува околината. Се разбира, за комерцијална употреба ќе биде потребно уште многу работа и усовршување на техниката и на процесот, Моментално уште не е пронајден начин како ефикасно да се собере огромната количина јаглерод диоксид од воздухот.
Научниците се во потрага по индустриски партнери, кои би им овозможиле масовно производство. Кога ќе успеат во тоа, ќе се добие нова алтернатива за авиопревозниците. Воздушниот сообраќај полека се префрла на еколошки горива, а многумина планираат и купување на електрични авиони или авиони кои користат некој друг вид гориво.
Предноста на новата метода е што нема да има потреба од менување на авионите затоа што постојните мотори можат да користат гориво базирано на CO2.
(Klix.ba)
(фото: Pixabay)