Кина најголемиот радиотелескоп во светот, Sky Eye, кој се наоѓа во провинцијата Гижу во Кина од април ќе го отвори за научната заедница од целиот свет. Тоа значи дека радиотелескопот со дијаметар од 500 метри ќе може да се користи за потрага по вонземски живот и други енергетски астрономски мети, како и за потрага по пулсари и енергетски астрономски мети.
Од 1 август годинава ќе се доделуваат термини за користење на телескопот. Научниците надвор од Кина за набљудување ќе имаат 10% од вкупното време за користење на телескопот. Телескопот Sky Eye официјално е пуштен во погон на 11 јануари 2020 година, иако со набљудување почна многу порано и досега има снимено 240 пулсари. Меѓу најбитните откритија е пронаоѓањето на ѕвездениот кластер Messier 92. Тоа е т.н. милисекунден пулсар кој се врти значително побрзо отколку неверојатните 316,5 ротации во секунда.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube screenshot)