Светска банка прогнозира раст на македонската економија од 3,6% во 2021 година

- Advertisement -

Светска банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија од 3,6 отсто во 2021 година и 3,5 отсто за 2022 година.

За земјите од регионот, Светска банка предвидува раст на БДП на Албанија од 5,1 отсто во 2021 година, на БиХ – 2,8 отсто, на Бугарија – 3,3 отсто, на Хрватска – 5,4 отсто, на Косово – 3,7 отсто, на Црна Гора – 6,1 отсто и Србија – 3,1 отсто.

- Advertisement -

Во полугодишниот извештај „Глобал Економик Проспектс” (Global Economic Prospects), прогнозата за раст на БДП во регионот е 4,4 отсто во Албанија, 3,5 отсто во БиХ, 3,7 отсто во Бугарија, Хрватска – 4,2 отсто, Косово – 4,9 отсто, Црна Гора – 3,9 отсто и Србија – 3,4 отсто. 

Според Светска банка, растот во Западниот Балкан се очекува да се забрза до 3,5 отсто во оваа година, во услови на враќање на довербата на потрошувачите и на бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.

Сподели!
- Advertisement -