Француска компанија прави биоразградливи маски за лице од марихуана

- Advertisement -

Оваа француска компанија правио биоразградливи маски за лице од марихуана. Маските се направени од компресирани влакна од марихуана, кои се сечат ласерски, а се виткаат рачно.

Маските се продаваат по цена од 1 евро и се локални, природни и еколошки.

- Advertisement -

„Кога нашите маски ќе се стават во компост, тие многу брзо се распаѓаат и се враќаат во природата. Ако ја ставите марихуаната во почва, целосно ќе ја снема за 3-6 месеци. Тоа е храна за црвите. Тоа не е случај со обичните маски за лице, кои се направени од пластика“ вели Фредерик Руре, основач и претседател на Geochanvre.

Поради своите карактеристики марихуаната е совршен филтер без потреба од дополнителен слој. Во внатрешниот дел има подлога направена од пченка, а и ластикот може да се рециклира.

- Advertisement -

Во моментот месечно во светот се користат 129 милијарди маски за лице за еднократна употреба. Поради ова цунами од маски ќе бидат потребни 450 години за да се декомпостираат. Маските веќе ги загадуваат улиците, реките, каналите и океаните.

Бидејќи многу земји ги направија маските задолжителни на училиште и со продавница, на светот му е потребна алтернатива за обичните маски за еднократна употреба.

- Advertisement -

Секоја година човештвото создава исто толку пластичен отпад колку што е неговата вкупна тежина. До 13 милиони тони од тој отпад завршува во океаните, каде што може со векови да постои како микропластика и да стигне до нашата храна и вода.

(World Economic Forum)

(фото: Geochanvre screenshot)

Сподели!
- Advertisement -