9 C
Skopje
недела, февруари 28, 2021

Текстилнито кластер oрганизира вебинар за Циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа

Kabtel desktop

На 26 јануари, по повод Светскиот ден на еколошката едукација и како дел од проектот „Design4Circle”, Текстилнито кластер ќе одржи вебинар за Циркуларна економија во текстилната и модната индустрија во Европа.

Европската индустрија сака да го зголеми нивото на одржливост и иновации во процесите на производство и рециклирање. Бидејќи грижата за животната средина започнува уште во делот на дизајнирање на производи, од суштинско значење е дизајнерите да создаваат производи што ги имаат предвид принципите на циркуларната економија. За да се помогне во остварувањето на оваа цел, партнерите на европскиот проект „Design4Circle“, кофинансиран од Европската комисија преку програмата Еразмус +, работеа заедно на развој на материјали за обука и бесплатна платформа за учење преку интернет. Целта на платформата за учење е да им обезбеди на дизајнерите и на малите и средни претпријатија компетенции и вештини потребни за спроведување на нови практики за еко-дизајн, со што се промовира поодржливо производство во текстилната индустрија. Конзорциумот на проектот е составен од организации за истражување, обука и деловна поддршка, универзитети и асоцијации од Летонија, Белгија, Португалија, Романија, Шпанија и Северна Македонија каде што партнер е Текстилниот кластер. 

Индустријата за мода и текстил е една од најзагадувачките индустрии во светот. Емисиите на СО2 во модната индустрија се предвидува да се зголемат за повеќе од 60% до скоро 2,8 милијарди тони годишно до 2030 година. Во исто време, обемот на потрошена слатка вода од страна на модната индустрија е 79 милиони кубни метри и се предвидува да се зголеми за 50% во 2030 година. Во однос на пазарот на ЕУ, во 2016 година ЕУ беше најголем пазар за облека, сочинувајќи 37,4% од светскиот увоз, што е втор светски врвен извозник на текстил. Европската комисија проценува дека текстилната индустрија на ЕУ создава отпад со 16 милиони тони годишно.

Во таа насока, очигледна е потребата да се тргне од сегашниот линеарен модел во нов циркуларен текстилен модел каде што клучен чекор во оваа транзиција претставува ДИЗАЈНОТ. Околу 80% од влијанието врз животната средина на еден производот е опфатено во фазата на дизајнирање. Оттука, извештајот „Нова текстилна економија“ го истакнува дизајнот како стратешка акција кон циркуларен текстилен сектор, имајќи предвид дека „дизајнирањето и производството на облека со повисок квалитет и обезбедувањето пристап до нив преку нови деловни модели ќе помогне во пренасочување на перцепцијата на облеката од – да се биде парче за еднократна употреба во – да се биде траен производ “. Покрај тоа, Комисијата посочи дека: „Екодизајнот го поддржува главниот приоритет на Европската Комисијата за зајакнување на европската конкурентност и зајакнување на создавање работни места и економски раст; тоа обезбедува еднакви услови на внатрешниот пазар, поттикнува инвестиции и иновации на одржлив начин и заштедува пари за потрошувачите истовремено намалувајќи ги емисиите на СО2 ”. Во таа насока, ќе биде потребно да се подготват сегашните и идни дизајнери со потребни вештини за циркуларен  или еко-дизајн на производи во модната индустрија. Комисијата во својот план за акција за циркуларна економија посочува дека „преминот кон циркуларна економија ќе бара и квалификувана работна сила со специфични, а понекогаш и нови вештини. Доколку треба да се развијат вистинските вештини на сите нивоа, тие ќе мора да бидат поддржани од системите за образование и обука “. На ист начин, Комисијата исто така ја следи иницијативата за зелено вработување со акција за предвидување на потребите и охрабрување на развој на вештини за поддршка на создавање нови работни места.Од таа причина, Design4Circle има за цел да ги покрие празнините од вештини во еко-иновациите на европските дизајнери на текстилни и модни производи. Design4Circle има за цел да создаде иновативна програма за учење што ќе им овозможи на дизајнерите од текстилниот сектор да го намалат влијанието врз животната средина за време на животниот век на производите и да развиваат нови и иновативни бизниси во рамките на принципите на циркуларна економија. Во склоп на проектот дефинирани се специфични цели и исто така интелектуални резултати што ќе овозможат да се постигне проектната цел преку идентификација на потребите, развој на заедничка наставна програма за еко дизјан и цркуларна економија, промоција на програмата и изработка на платформа за учење која ќе овозможи стекнување на нови вештини во оваа област и создавање на нови можности за вработување.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •