Сите знаеме колку се ефикасни завоите за покривање рани, но малкумина помислуваат на потенцијалот на завојот за детекција на инфекции. Според неодамнешно истражување објавено во весникот Advanced Functional Materials, истражувачи открија неинвазивен начин на детекција и мониторинг на инфекциите кои се случуваат во една рана.
Карбонските наноцевки поставени во завој ќе можат да идентификуваат инфекција во раната така што ќе ја детектираат концентрацијата на водороден пероксид, вели асистент професорот Даниел Роксбури од Универзитетот на Роуд Ајленд.
Се до ова откритие предизвикот во користењето наноцевки во слични предмети беше во имобилизацијата на биокомпатибилен начин за да останат чувствителни на околината, вели Роксбури,
„Микровлакната кои се наоѓаат околу наноцевките можат да ги завршат тие две задачи. Наноцевките не впиваат од материјалот, но остануваат чувствителни на водороден пероксид во раните“ додава тој.
Минијатурен преносен уред ќе го следи завојот и безжично ќе детектира сигнали од карбонските нановецки во фластерот. Тој сигнал потоа може да се емитува до смартфон, кој автоматски ќе испраќа известувања до клиентите или до здравствените работници.
Тој уред ќе се користи само за дијагностички цели. Сепак, Роксбури се надева дека како што поминува вирусот завојот ќе се користи за дијагностицирање на инфекција во рана фаза, што ќе овозможи да се користат помалку антибиотици и ќе спречи драстични мерки како ампутација.
(Interesting Engineering)
(фото: Wikimedia)