Дебрца – нова понуда во алтернативниот туризам

- Advertisement -

Општина Дебрца, со своето природно и културно наследство, кое е и светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО, како и Дебрца со своите планински масиви, како Славеј Планина, Караорман, Стогово, Мазатар и Илинска Планина е природно предодредена за развој на зимскиот и планинскиот туризам, смета градоначалникот, Зоран Ногачески.

Тој е задоволено што општината е дел од проектот за „Нови можности за развој на безбеден зимски планински туризам“.

- Advertisement -

„Проектот за Дебрца овозможува нова понуда во алтернативниот туризам, зголемена безбедност на посетителите, пристапни патеки од сите населени места, во близина на сртот на Илинска Планина и опрема за спасување во зимски услови. Овој Проект е во директна корелација со нашата визија Дебрца да прерасне во високорангирана природна и културна туристичка дестинација“, изјави Ногачески.

Во рамки на истиот проект Општина Дебрца планира да изврши реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во селото Брежани во модерен планинарски дом, реконструкција на пропустите на патот од село Брежани до Илинска црква, набавка на опрема и специјално теренско возило за спасување во зимски услови, како и обуки за прва помош во зимски услови, за локалното население.

- Advertisement -

Овие проекти се значајни и за стекнување на потребните знаења и искуства и на општинската администрација, како во фазата на аплицирањето, исто така и во фазата на имплементацијата на проектите. Во текот на имплементацијата на Проектот имаме добра соработка со сите партнери, и од македонската и од албанската страна. А, со нашиот партнер од Албанија, општината Грамш се надевам дека ова ќе биде почеток на една заедничка долготрајна и успешна соработка“, изјави градоначалникот Ногачески.

Проектот е финансиран од Европската Унија, преку ИПА2 Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија, а го спроведуваат Црвен крст Охрид, општините Дебрца, Македонија и Грамш, Албанија и Алпинистичкиот Клуб „Патагонија“ од Охрид.

- Advertisement -

(МИА)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -