Европската вселенска агенција ја стартуваше првата своја акција за вработување после 11 години и тоа со цел да регрутира што повеќе жени и мажи со инвалидитет за да постигне што поголема разлноликост во составот.
„Гледаме кон Месечината и кон Марс. За во иднина ќе ни бидат потребни одлични астронаути. За да отидеме подалеку од кога било мора да гледаме пошироко отколку претходно“, изјави генералниот директор на агенцијата, Јан Ворнер.
Само 65 од над 560 астонаути кои отишле во вселената се жени. Од тие 65, 51 се Американци. Европската вселенска агенција досега во светот има испратени само две жени – Клаудија Хаигнер и Саманта Кристофети, но сега се обидува да со поправи тоа.
Исто така, оттаму истакнуваат дека дошло време и луѓето со инвалидитет да одат во вселената. Според агенцијата, ова е прв пат вселенска агенција каде било во светот за отвори пријави за луѓе со инвалидитет.
„Разноликоста во агенцијата не треба да се однесува само на потеклото, годините или полот на астронаутите, туку и на телесните инвалидитети“, велат од агенцијата.
Британскиот астронаут Тим Пике го поздрави овој пристап и изјави дека на овој начин луѓето од различни средини ќе видат дека постои прилика да бидат дел од европските пионери во вселената.
Европската вселенска агенција сега трага по кандидати кои имаат најмалку мастер диплома и минимално три години искуство во областа на природните науки, медицината, инженерингот, математиката и компјутерските науки.
(Klix.ba)
(фото: ESA , NASA)