Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека нековата земја постигнала чудо и ја искоренила експтремната сиромаштија. Неговата влада вели дека во период од осум години речиси 100 милиони луѓе биле извлечени од сиромаштија.
На церемонија која се одржа во Пекинг Си изјаци дека ова е целосна победа која ќе влезе во историјата. Но, некои експерти изразија сомнежи во начинот на кој се мери тоа. Во Кина екстремната сиромаштија е дефинирана како заработка од помалку од 620 долари годишно.
Во својот говор вчера Си изјави дека ја исполниле тешката задача на искоренување ан сиромаштијата.
„Според моменталните критериуми, целосната популација од 98,99 милиони луѓе од руралните средини се извлечени од екстремна сиромаштија, а 832 земји и 128.000 села погодени од сиромаштија сега се избришани од листата со сиромашни земји“
Искоренувањето на сиромаштијата од руралните средини е најголемата иницијатива на претседателот Си од неговото избирање во 2012 година. Кина минатата година објави дека ги избришала последните земји од листата со сиромашни региони, што значи дека е достигната целта на елиминирање на експтремната сиромаштија до крајот на 2020 година.
Некои експерти велат дека Кина поставила многу ниска граница за својата дефиниција на сиромаштијатa и дека е потребно уште инвестирање во најсиромашните региони. Прагот кој го постави Кина за екстремна сиромаштија е 1,69 долари дневно, додека прагот кој го поставува Светска банка е 1,90 долари. Освен тоа, во земјата се уште има голема нееднаквост на примањата.
(BBC)
(фото: Pixabay)