- Advertisement -
Биткон падна на најниската вредност од 8 февруари досега, кога почна нагорниот тренд со досега невидено темпо. Имено, денешната вредност на биткоин е за 3,7% пониска од вредноста при затворањето на берзите во петокот и достигна 44.408 долари.
Најголемата и најпозната криптовалута во светот поскапе за 70% од почетокот на годината досега и достигна рекордна вредност во своето постоење од речиси 60.000 долари. Пред една недела биткоин вредеше 58.354 долари и владееше мислење дека ќе стане главно средство за инвестиции и плаќање.
- Advertisement -
(Reuters)
(фото: Freepik)
- Advertisement -