Што е тоа ново, здраво и убаво спакувано на рафтовите во македонските маркети?

- Advertisement -

Дали сте од оние кои при купувањето најпрво им се буди интерес за производ со впечатлива амбалажа?

Дали тоа може да ви биде и причина да излезете од секојдневната рутина и да купите производ со кој и не сте толку запознаени?

- Advertisement -

Несомнено, амбалажата остава впечаток. Од друга страна, квалитетот е и понатаму исклучително важен и е главната причина зошто се приврзуваме за некој производ.

А кога ќе ги добиете и едното и другото во практично пакување полно со витамини, тогаш секое купување е значително олеснето.

- Advertisement -

Ако барате доза на здрава енергија што ќе ве придвижи брзо, тогаш решението е на полиците на вашиот маркет.

Вашите омилени Виталиа овесни каши, во бело практично пакување, сега имаат уште подобра рецептура. Веќе од самата амбалажа ќе дознаете сè за вашата омилена доза витамини.

- Advertisement -

Најпрво, изберете го вашиот омилен вкус. Пробајте по една каша за секој ден – од шест вкусови достапни. Кашата со вкус на чиа и карамел е без додаден шеќер и се препорачува за дијабетичари.

Ако малината е вашето омилено овошје, оваа каша, засладена со фруктоза, ќе ви ги разбуди сетилата и ќе ви ја врати силата. Веганите избираат овесна каша со вкус на брусница и киноа, засладена со кафеав шеќер.

Вегетаријанците, без многу дилеми, се одлучуваат за вкус на чоколадо, или чоколадо, банана и киноа, но и за неодоливата овесна каша со јаткасти плодови.

Сите овесни каши од Виталиа се збогатени со 8 витамини, особено со важните Б витамини, чија функција е да ја подигнат енергијата на организмот и да ја забрзаат работата на мозокот и метаболизмот. Нивната суштинска улога е да го одржуваат телото здраво.

Виталиа овесните каши се разликуваат од сите останати производи од ваков тип бидејќи содржат над 75% целозрнести овесни снегулки, најголем процент на протеини и најмал процент на шеќер.

Практичната амбалажа ги прави лесни за употреба, се подготвуваат со вода, млеко, јогурт или природен сок за само две минути, а се консумираат уште побрзо!

Уживајте во уникатните вкусови и нежната кремаста текстура за појадок или ужина и нека Виталиа овесните каши бидат вашата НОВА здрава навика!

Сподели!
- Advertisement -