Ќе бидат потребни уште 136 години за да се затвори глобалниот јаз меѓу половите

- Advertisement -

Глобалниот јаз меѓу машкиот и женскиот пол нема да се затвори ни во нареднтие 136 години. Пандемијата на КОВИД-19 го зголеми периодот потребен за надминување на јазот за дополнителни 40-ина години, покажа најновиот извештај на Светскиот економски форум, Global Gender Gap.

Врз основа на трендовите од 2020 година, глобалниот јаз меѓу половите беше предвидено дека ќе трае помалку од еден век, но според последните проценски на Светскиот економски форум, тој јаз ќе потрае уште речиси еден век и половина.

- Advertisement -

Која е главната причина за тоа? Садиа Захиди, главен директор на Центарот за нова економија и општества на светскиот економски форум, напиша: „Пандемијата на КОВИД-19 подигна нови бариери во градењето на инклузивни и просперитетни економии и општества. Постоечкиот јаз меѓу половите само дополнително се продлабочи поради кризата и тоа асиметричено меѓу мажите и жените, и покрај тоа што жените се во првите борбени редови во менаџирањето на кризата како суштински работници“.

Кога ќе се анализираат некои посебни апсекти на јазот, јасно е кој е најголемиот фактор за диспаритетот. Според Светскиот економски форум, ќе бидат потребни 268 години за да се затвори економскиот јаз меѓу половите, а тој диспаритет е многу поголем отколку минатата година како резултат на немањето напредок на полето на економското учество и можностите. Ако гледаме од позитивната страна, со сегашното темпо, образовниот јаз ќе се затвори за околу 14 години. Иако и тој јаз се зголеми во последните две години, сепак е многу позитивна вест.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -