Тим од научници создадоа паметни тркала кои ја менуваат формата во зависност од теренот

- Advertisement -

Многу одамна човекот го создал тркалото, кое го сменило целиот начин на живот. Истражувачи неодамна создадоа нешто што ќе го смени начинот на кој гледаме на тркалото денес. Тие дизајнираа нови тркала кои ја менуваат формата како оригами, кои ја менуваат целосната структура. Нивното истражување е објавено во весникот Science Robotics.

Новите тркала може да ја менуваат формата од тенки и високи до ниски и широки. Модуларниот дизајн значи дека тркалата на возачите им нудат повеќе предности во однос на статичните гуми со постојана структура.

- Advertisement -

И покрај незвучното име, High-load Capacity Origami Transformable Wheel, новиот дизајн користи оригами шема т.н. теселација на водена бомба за да менува форма во текот на возењето. Оригами тркалата од овој тип не се вистинска иновација, но претходните дизајни не трпеле товар во текот на процесот на транзиција и губеле на вредност затоа што автомобилот морал да се растовари од се за да се трансформираат.

Сепак, новите тркала може да издржат товар од 1 тон дури и кога се трансформираат. Новиот оригами дизајн на тркалата има флексибилни мембрани кои ја овозможуваат транзицијата. Новиот концепт нуди истовремено и флексибилност и мекост, а тоа значи дека добро ги апсорбираат ударите, слично како обичните гуми.

- Advertisement -

Високите тенки гуми се добри за нерамен пат со пречки, додека ниските широки гуми го шират триењето за полесно да се вози, на пример, по песок. Додека овој нов концепт можеби не е за секојдневна примена, одлични се за возење по Марс или Месечината. Ако во иднина некој ровер има вакви тркала, ќе може да се создава енергија од кинетичкото движење на роверот, што значи дека ќе се штеди на енергија и ќе се продолжи животниот век на роверот.

Овие нови тркала исто така ќе помогнат инженерите да дизајнираат тркала кои се соодветни за секаков терен. Истражувачкиот тим кој стои зад новиот концепт е составен од научници од Националниот универзитет на Сеул, Универзитетот Харвард и Hankook Tire and Technology Co., кои се едногласни дека нивниот концепт тркала засега нема конкурентска комерцијална вредност, но мислат дека можат да го интегрираат новиот прототип со конвенционалните гумени гуми.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube screenshot)

Сподели!
- Advertisement -