Израелска компанија воведува специфични муви во исхраната на животни за прехранбена индустрија

- Advertisement -

Светскиот ден на планетата Земја се одбележува секој 22-ри април и е глобално движење за заштита на природниот екосистем. Со цел да се обезбеди доволно храна за населението во светот мора да се усвојат и применат нови модерни техники кои ќе им помогнат на фармерите да го обноват обработливото земјиште, да се практикува обновливо земјоделство и риболов и да се применуваат одржливи начини на прехрана на животни.  

Прехранбениот отпечаток (foodprint) го мери влијанието врз природниот екосистем за одгледување, производство, превоз и складирање на храна добиена од природните ресурси наспрема загадувањето настанато од емисиите на гас на стаклена градина. Израелската компанија „FreezeMнаправи тектонски промени токму во овој домен. Во интервјуто дадено ексклузивно за Иновативност прочитајте како.

- Advertisement -

Разговараше – Марија Димовска

Вашата иновативна идеја е директно поврзана со Светскиот ден на планетата Земја и светската заштита  на природниот екосистем и производството на храна. Дали би можеле да ни откриете малку повеќе детали за влијанието на FreezeM не само врз земјоделскиот сектор и неговата улога и важност при создавањето на одржлив систем на исхрана?

- Advertisement -

Речиси една третина од храната која се произведува се фрла. Тоа значи дека се инвестираат многу ресурси и се вложуваат големи напори за производство на високо-квалитетна храна која на крај завршува на депонија. BSF е уникатна мува која  многумина сметаат дека ќе биде припитомена од страна на луѓето заради тоа што ларвата на BSF служи како биоконвертирачка машина на органско ѓубриво која има  функција на високо-квалитетeн прехрамбен производ во синџирот на исхрана на животни кои се одгледуваат за прехрамбената индустрија. Повеќето одгледувачи и размножувачи на BSF денес целосно управуваат со процесот на одгледување на инсекти кои се протеинска храна за животни. Овие одгледувачи растат колонија на BSF, ја размножуваат и ги преработуваат инсектите во органско ѓубриво. Но во FreezeM ние нудиме еден поинаков пристап. Нашиот пристап го разделува размножувањето од одгледувањето и од процесирањето на инсектите. Па така FreezeM нуди нов, специфичен и ефикасен пристап на производство на нутриционистичка прихрана за животни. Оние кои ни се партнери може да добијат спремни за употреба ларви со подолг временски живот на траење и да ги употребат за  различни прехрамбени потреби. Па така како производители на BSF инсекти за исхрана на животни FreezeM  овозможува да се појават на пазарот за исхрана на животни, нови играчи кои немаат средства да започнат и да одржат процес на размножување на BSF.

Како стигнавте до идејата за FreezeM? Што ве поттикна да се фокусирата конкретно на одгледување на инсекти во склоп на исхраната на риби т.е. аквакултурата?

- Advertisement -

Секоја година светската популација се зголемува за отприлка околу 700 милиони луѓе. Ако растот на населението продолжи со оваа стапка до 2050 бројот на населението ќе надмине 9 милијарди. Да се прехрани таа бројка на гладни усти ќе мора да се произведува двојно поголемо количество храна во однос на сегашното производство. Тоа ќе значи дека ќе мора да храниме двојно повеќе животни за прехрамбена намена. Традиционалните ресурси за одгледување на животни се намалуваат. На глобално ниво традиционалните ресурси сочинуваат 80% од  расположливи полиња и посеви кои се наменети за одгледување и исхрана  на домашни животни. Тешко дека поголем дел од населението ќе го промени начинот на исхрана но затоа постои можност да се промени нешто во ланецот на прехрана. Инсектите или поконкретно црната војник мува  (BSF), е одлична алтернатива за хранење на домашни животни затоа што BSF има  високо нутриционистичка вредност и може да се произведи на одржлив начин преку двојно рециклирање на органско ѓубриво. За да се направи вистинска промена и да се заменат постоечки компоненти во процесот на одгледување на животни, инсектите како црната војник мува мора да се размножат на индустриско ниво на еден одржлив и стабилен начин.

Тројцата основачи на FreezeM, д-р Јоав Полити, д-р Идан Алиагор и д-р Јувал Гилад се решија да ги здружат своите сили откако дипломираа на Институтот за наука Вајзмен со цел да ја надминат оваа препрека во прехранбената индустрија. Тие успеаа да идентификуваат критичен теснец во чекорот на размножување на инсектоиден протеин во склоп на синџирот на снабдување на храна за животни кои се одгледува за прехранбени цели. Затоа се посветија на развој на технолошко решение кое овозможува отцепување на фазата на размножување од фазата на одгледување и процесирање на BSF. Така настана FreezeM.

Револуционерната идеја на FreezeM е црната војник мува која е исто така позната како BSF. Зошто токму се одлучивте за овој вид на инсект за справување на предизвиците кои произлегоа при додавањето на протеини во исхраната во рибниците?

BSF е најдобрата машина за рециклирање и многумина ја третираат како следното животно кое ќе е припитомено од страна на луѓето. Ова е заради способноста на нивната ларва да произведе речиси било каков вид на органско ѓубриво во високо-вредносен протеински производ. Прво нутриционискиот  состав на една сува BSF ларва е навистина богат  и сочинува 45% протеин и 30% масти. Второ, важно е да се спомне дека не е потребна дополнителна вода кога BSF се одгледува во голем размер. Трето BSF ларвата расте брзо врз основа на органско ѓубриво. Четврто не претставува еколошка закана бидејќи BSF не се смета за пестицид и нема векторско влијание при ширење на болести. Последна карактеристика е тоа што секој нуспроизвод кој е добиен од процесот на нивно култивирање може целосно да се користи за производство на корисни производи како храна за инсекти, масло од инсекти, ѓубриво за прихранување на земја и слично.

Може ли да ни објаснете како инсектоидната протеинска фабрика FreezeM се разликува од денешните фабрики за инсекти?

Сите постоечки протеински фабрики го произведуваат севкупниот синџир на исхрана интерно што значи дека тие управуваат со два капацитетти, капацитет за размножување и капацитет за одгледување и процесирање. Овој пристап го прави целиот процес скап и неефикасен. За разлика од нив, FreezeM се концентрира само на делот на размножување во склоп на синџирот на исхрана, со што го поедноставуваме одгледувањето на инсекти и воедно го правиме подостапно за сите. Преку обезбедување на спремни за употреба ларви за одгледување, FreezeM овоможува да го одреди времето на достава на нови решенија при хибернирање на животниот циклус на BSF преку замрзнување на ембрио фазата или пак преку поттикнување на одложувањето на анимација на ларва фаза.

Maкедонија има огромен земјоделски потенцијал. Постојат различни иницијативи во склоп на македонскиот стартап екосистем каде можи да се здружи технологијата заедно со земјодлеството со цел да се искористи постоечкиот потенцијал. Кој совет би им го дале на младите македонски потенцијални претприемачи кои сакааат да развијат бизнис идеја токму во агро-технолошкиот сектор?

Мој совет за тие претприемачи е да се поврзат што е можно побрзо со крајниот корисник (фармерите/ сопствениците на рибници) и да се потрудат да ги разберат нивните потреби па следствено на тоа да развијат продукт или пак услуга. Земјоделско прехранско-технолошката индустрија еволуира и постојано трага по иновативни решенија. Бидејќи имплементирањето на нови идеи бара многу време мора да бидете концентрирани во тоа што го работите, да дефинирате храбри цели и постојано да сте во линија и дослух со потребите на пазарот и крајните корисници.

Сподели!
- Advertisement -