Само 3% од светскиот екосистем се недопрени од човекот!

- Advertisement -

Најново научно истражување покажа дека само 3% од населените делови од Земјата останале еколошки недопрени, со здрави популации на животни и недопрени живеалишта. Овие фрагменти од дивината кои не се оштетени од човечки активности главно се наоѓаат во тропските предели на Амазонија и Конго, источносибирските и северноканадските шуми и тундри, како и во сахарската пустина.

Претходните анализи идентификуваа подрачја со дивина врз основа на сателитски снимки и проценија дека од 20% до 40% од површината на Земјата е под човечко влијание. Меѓутоа, научниците кои стојат зад новата студија тврдат дека шумите, саваните и тундрите може да изгледаат недопрени одозгора, но на терен да недостигаат витални видови. Слоновите, на пример, ги шират семињата и создаваат битни чистини во шумите, додека волците можат да ја контролираат популацијата на елени и лосови, пренесува The Guardian.

- Advertisement -

Општо е прифатени дека светот се наоѓа во криза на биолошката разноликост, со мноштво популации на диви животни – од лавови до инсекти – кои изумираат главно порад уништување на нивните живеалишта. Некои научници мислат дека почнува шестото масовно изумирање на животот на Земјата, со сериозни последици по безбедноста на храната, чистата вода и воздухот од кои зависи човештвото.

Во она што го сметаме за недопрено живеалишта недостигаат врсти кои луѓето ги ловеле или изумреле порад инвазивни врсти или болести“ вели Ендру Пламптре, еден од авторите на студијата која ја спроведе Секретаријатот за клучни подрачја со биолошка разноликост при Универзитетот Кембриџ во Велика Британија.

- Advertisement -

Истражувањето е објавено во списанието Frontiers in Forests and Global Change, а најголем дел од податоците се однесуваат на цицачите, но опфатени се и птици, риби, влекачи и водоземци. Многу од подрачјата кои се дефинирани како недопрени се наоѓаат на територии со кои управувале домородни заедници. Во истражувањето не е опфатен Антарктикот.

(N1)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -