Научници создадоа уред кој ве предупредува ако премногу долго седите

- Advertisement -

Мал сензор поставен на вратот може да следи колку се движиме додека сме во седечка позиција и да не мотивира да станеме и да вежбаме. Повеќе од 100 милиони луѓе во Европа имале мускулно-скелетни проблеми како што се болки во вратот и во рамената во 2020 година, а тоа е последица на начинот на кој што работиме. Но, редовното движење додека работиме може да ги спречи тие проблеми.

Женгбао Јанг од Универзитетот Хонгконг и неговите колеги создадоа мали растегливи сензри кои се напојуваат преку пеизоелектрицитет, односно со енергија која се генерира кога се притискаат соодветни материјали. Сензорите го следат движењето на вратот и се напојуваат со енергија од два слоја пиезоелектрични материјали кои се преклопени како киригами, односно сродна вештина на правењето фигури од хартија или оригами.

- Advertisement -

Кога тој што ги носи ќе се придвижи, сензорите се деформираат и испраќаат сигнал со микроконтролер кој го регистрира движењето со прецизност од 95% и тоа го прикажува на компјутрер. Научниците велат дека овие материјали може да се користат за стресот да го претвориме во енергија, а потоа таа енергија да ја искористиме за следење на движењата на зглобовите.

Ако корисникот не го придвижи вратот или рамената повеќе од 10 пати секој половина час, се прикажува предупредување на компјутер. Сензорите сега имаат и нов дизајн со мала амбалажа која се става на телото и успешно индицираат на неактивност.

- Advertisement -

Како што вели Ѕанг, сензорите уште веднаш може да најдат примена во реалниот живот и веќе имаат патент за технологијата. Сега размислуваат како да го лиценцираат патентот во локалната индустрија и да има бенефит за општеството.

(New Scientist)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -