Истражувачи од Токио создадоа биоќелии кои создаваат електрицитет од човечката пот

- Advertisement -

Нашите фитнес уреди наскоро ќе може да се напојуваат со енергија од нашата пот, докажаа истражувачи од Универзитетот на науки во Токио. Иако електрониката и биосензорите се одлични алатки за следење на здравјето, релативно краткото траење на батериите значи дека тешко е да ги чуваме на телото подолго без да мора да ги полниме.

Јапонскиот истражувачки тим успешно разви и тестираше биоќелија која генерира електрицитет од состојки кои се излачуваат во потта. Нивните резултати се објавени во весникот Journal of Power Sources.

- Advertisement -

Биосензорите кои ги носите на телото имаат потенцијал да го револуционизираат здравствениот систем така што на докторите ќе им даваат податоци во реално време и ќе им овозможат да следат битни метрики со цел да обезбедат подобра грижа за пациентите. Тие мали уреди генерално се носат директно на кожата со цел да мерат одредени биосигнали.

Но, иако научниците имаат развиено мнгоу флексибилни материјали за електродите и флексибилни струјни кола, предизвик е да се развие нов метод за напојување на уредите. Бидејќи батериите кои ги има во рачните часовници се премногу дебели за помалите уреди, истражувачите бараат нов начин да ги напојуваат биосензорите со енергија.

- Advertisement -

Тимот од Токио поставува едно многу необично прашање: што ако човечката пот може да служи како извор на енергија? Предводени од проф. Исао Шитанда од Универзитетот на науки во Токио, тимот истражувачи претстави нови биоќелии кои користат хемикалија која се излачува преку потта за да генерираат доволно енергија за напојување на биосензорот, како и на безжичните уреди за краток период.

Биоќелиите изгледаат како мали фластери и лесно може да се стават на подлактицата или на погорниот дел од раката. Направени се од супстрат на хартија кој е водоотпорен, а секоја содржи ензими кои произведуваат електрично коло кога ќе дојдат во контакт со хемикалијата од потта. Хартијата се користи за впивање на потта и транспортирање до ќелиите преку капиларен ефект, односно истиот начин на кој се проширува водата низ хартија кога ќе дојде во контакт со водена површина.

- Advertisement -

Иако ова не е прва биоќелија од овој тип, истражувачите велат дека новиот модел се разликува од останатите затоа што е погоден за масовно производство.

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -