Oва е првата земја со стекнат колективен имунитет од Ковид-19

- Advertisement -

Министерот за здравство на Малта, Крис Ферн соопшти дека државата е првата земја во ЕУ што веќе има постигнат колективен имунитет против коронавирусот и дека 70 проценти од возрасната популација примила барем една доза вакцина. Малиот медитерански остров имаше само нови три случаи на заразени со вирусот во изминатите неколку недели, со стапка на позитивни тестови од само 0,2%.

“На секои пет секунди се дава една вакцина, а 42% од возрасните имаат примено и втора доза“, рече Ферн на прес-конференција. Оваа островска земја, со население од околу половина милион луѓе, аплицирала 475.000 дози на вакцини.

- Advertisement -

Од 1 јуни, на Малта ќе биде дозволено да се оди на плажа без маска. Од 1 јули, луѓето со завршен циклус на вакцинација повеќе нема да треба да носат маска на отворено кога шетаат сами или со друго лице, доколку се вакцинирани.

Исто така, се укинуваат сите ограничувања во теретани и на базени, додека работното време на рестораните е прдолжено до полноќ, за разлика од претходно кога работеа само до 17 часот.

- Advertisement -

Вакцинацијата во моментов е бесплатна за сите луѓе на Малта над 16 години. Деца на возраст од 12 години исто така ќе бидат вакцинирани откако европските медицински власти ќе дадат зелено светло. Малта регистрираше повеќе од 30.500 заразени и 417 смртни случаи.

(Bizlife)

Сподели!
- Advertisement -