Истражувачи од Државниот универзитет Вашингтон развија нова технологија која го претворља пластичниот оитпоад во гориво за авиони за само еден час. Методот е исплатлив начин за рециклирање на пластиката во нешто корисно. Нивното откритие е објавено во весникот Chem Catalysis.
Во својата студија тимот го објаснува нивниот метод за претворање на 90% од пластиката во гориво и други вредни хидрокарбоснки производи на средна температура за време од 60 минути. Истражувачите веруваат дека новиот процес може да ги поттикне државите ширум светот да почнат повеќе да рециклираат затоа што е многу поевтин од другите алтернативи.
Проблемот со пластичниот отпад е глобална криза. 10 милиони тони пластичен отпад секоја година завршуваат во океаните, покажуваат податоците на Светскиот економски форум. Голем дел од тој отпад завршува во масивниот гребен од пластика Pacific Garbage Patch, кој расте со неверојатно брзо темпо и покрај иницијативите за негово расчистување од типот на Ocean Cleanup Project.
Иако справувањето со глобалниот отпад е императив, има проблем со иницијативите за рециклирање на глобално ниво. Еден од главните предизвици со кои се соочува индустријата за рециклирање е дека најголем дел од механичките методи за рециклирање ја топат пластиката и ја ремоделираат во нов пластичен производ. Со тој процес се намалува економската вредност и квалитетот на пластиката, што значи нема голем финансиски бенефит од рециклирањето. Додека хемиското рециклирање дава поквалитетни производи, тоа е премногу скапо и долго.
Истражувачите од Универзитетот Вашингтон развија каталитички процес кој ефикасно го трансформира полиетиленот, односно најчесто користената пластика во светот, во гориво за авиони и во висококвалитетни лубриканти. Со нивниот процес успеале да претворат околу 90% од пластиката во гориво на релативно ниска температура од 220 степени Целзиусови, што значи дека нивниот метод е многу полесен за скалирање и комерцијализација.
(Interesting Engineering)
(фото: Pixabay)