РАЛФ НЕФ: Крушево нуди неограничени можности за планински велосипедизам

- Advertisement -

Тим од Швајцарски експерти на компанијата GFC Sports Management AG предводени од светскиот шампион во планински велосипедизам Ралф Неф (Ralph Näf), неделава во Крушево започнаа  анализа на потенцијалот и план за градење на велосипедски патеки.

Иницијативата за изготвување на  велосипедски патеки по меѓународни стандарди за планински велосипедизам е на Ски центарот Панорама и Хотел Панорама Спа Крушево, со цел дополнување на постоечката туристичката понуда и промоција на активниот туризам во Крушево. Проектот се реализира со поддршка на Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка.

- Advertisement -

– Имавме прекрасно добредојде со многу пријателски расположени луѓе подготвени да ни помогнат во нашата цел. Патувам на многу места каде што планинскиот велосипедизам е многу развиен и места каде што се уште не е и можеби не сум бил воодушевен. Овде гледам голем потенцијал за развој на планински  велосипедизам. Имате  многу убава природа, нашиот тим имаше непроспиени ноќи заради неограничните можности кои што ги увиде деновиве во Крушево. Многу е добро да се види и големиот ентузијиазам што го има локалната велосипедска заедница и мислам дека овој проект ќе креира работни места, ќе придонесе за туристичките потенцијали и едвај чекам да видиме што ќе направиме за неколку години тука. Првично може да се започне со проектирање на почетнички патеки на планината, а потоа може да се изградат и поекстремни. Тука има секакви терени. Рамни, стрмни. Треба да почнеме што поскоро штом ќе почнат да доаѓаат повеќе луѓе за да ги користат, ќе се создаде и потреба за повеќе патеки, изјави Неф. Неф порача дека со овие етапни проекти Крушево може да стане домаќин на меѓународни трки во планински велосипедизам, при што и самиот ќе се ангажира да донесе светски имиња за учество.

Кочо Стојчески, сопственикот на Панорама Хотел и Спа потенцираше дека целта на оваа и останатите инвестиции на компанијата се да се обезбедат што повеќе содржини во Крушево за туристите во градот и Македонија.

- Advertisement -

– Основнa цел е да помогнеме на сите, не само на Панорама, туку и на останатите хотели, приватни сметсувач и туроператори, да го нудат сето ова како понуда и да може да оформираме повеќедневни ангажмани за да привлечеме туристи повеќе. Годинава го отвараме најголемиот адреналински парк во Македонија кој содржи зиплајн парк, детски парк и најбитно, планински велосипедизам. Крушево може и треба да биде препознатливо освен со парглајдингот и со планинскиот велосипедизам. Откако Ралф Неф и неговиот тим ќе ги завршат анализите, ќе заминат во Швајцарија за да направат мастер план, а потоа ќе обезбедат и надзор на изградбата, што значи дека тоа ќе биде нивен производ во Македонија, рече Кочо Стојчески, сопственик на Панорама.

Делегацијата експерти ја пречека и Сибил Зутер, амбасадорот на Швајцарија во Македонија

- Advertisement -

– Крушево нуди одлични услови за надворешни активности и покрај параглајдингот,  планинскиот велосипедизам не само што е нов спорт што надоаѓа овде во Северна Македонија туку и се развива насекаде во светот, особено во времето на Ковид. Знаеме дека пандемијата создаде предизвици не само тука, туку и низ целиот свет, но најважно е да се обезбеди сигурноста на гостите во таквите услови. Затоа го поддржавме и спроведувањето на „Знакот за безбеден туризам“, бренд кој што на туристите ќе им ги означува безбедните места за туризам, рече амбасадорката Зутер.

На прес конференцијата која се одржа во хотел Панорама – Крушево се придружија и претставници од вело заедницата од Македонија.

За Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост:

Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ е имплементирана со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка. Целта на оваа програма е да обезбеди поддршка за подобрување на конкурентноста во три сектори: активен туризам, одржлив агробизнис и ИКТ, а истовремено да се осврне на предизвиците кои го отежнуваат вклучувањето на жените и младите лица во овие сектори. За повеќе инфо: www.ime.org.mk

Сподели!
- Advertisement -