Државната помош за февруари и март ја злоупотребиле 181 работодавач, не дале плати на 753 вработени

- Advertisement -

До 31 мај 2021 година плата на своите вработени не им дале вкупно 181 работодавач кои добиле финансиска поддршка од државата за февруари и март. Од нив, 157 не исплатиле плата за еден месец, а 24 за двата месеца.

Како што соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, не се исплатени 753 месечни плати, а одобрената, но неисплатена финансиска помош  е вкупно 12.071.908 денари или 2.738.715 денари за февруари и 9.333.193 денари за март.

- Advertisement -

Овие работодавачи се од дејностите: подготовка на оброци и служење храна, 61, трговија на мало, 33, копнен транспорт, 24, но има и од специјализирани градежни дејности, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли, правни и сметководствени дејности.

-Вкупно 181 работоавач ја злоупотребил државната помош и обесправил 753 вработени. Најмногу од работодавачите кои не исплатиле плата се од Скопје, 71, потоа од Тетово 53 и 27 се од Битола, истакна Лукаревска.

- Advertisement -

Таа потенцира дека на работодавачите кои не дале плати, а земале финансиска помош веќе им се доставени опомени, а по истекот на рокот за опомена почнува постапката за присилна наплата на долгот. Според законот, предвидени се глоби од 500 до 10.000 евра, во зависнот од големината на правното лице.

Лукаревска рече и дека продожуваат контролите кај работовачите кои го изиграле законот.

- Advertisement -

Присилна наплата, информира директорката, е спроведена кај работодавачите кои не исплатиле плати за периодите април, мај и јуни, како и октомври, ноември и декември.

-Платата сè уште не е исплатена од вкупно 117 работодавачи од кои 94 немаат исплатено плата само за еден месец, 18 за два месеца и пет за три месеци. Неисплатените плати се однесуваат за вкупно 356 вработени, а за нив се одобрени 5.084.663 денари, нагласи Лукаревска и додаде дека од првиот сет мерки за април, мај и јуни, досега е намален бројот на злоупотреби на државната помош, но и тоа не е добар резултат зашто ниту еден работодавач, напомена, тоа не смее тоа да го прави.

Одговорајќи на новинарски прашања, таа нагласи досега разгледани 3.853 даночни обврзници кои се оданочуваат со данок на добивка, на 2.286 им се генерирани решенија со пресметан износ за враќање на примената финансиска помош, а на 1.558 решенија дека не треба да ја вратат помошта.

За поднесените барања, пак, за претворање во грант на финансиската помош, од рагледани 1.288 барања 801 се прифатени, а 408 не се прифатени.

Лукаревска нагласи и дека по пријави на „Гласен текстилец“ или други анонимни пијави особено во делот на исплата на плати, се отворени контроли на правни лица од текстилната, чевларската и кондиторската индустрија.

-Овие контроли се одолговлекуваат зашто станува збор за петгодишно претходно работење на овие работодавачи. Јавна тајна е дека тие даваат пари на рака или им бараат на работниците да вратат дел од платата. Во тек е поопсежна контрола на фирми што го опфаќа нивното петгодишно работење наназад – рече Лукаревска.

Сподели!
- Advertisement -