Министерот Шаќири на он лајн состанок со претставници на Спејс икс

- Advertisement -

Министерот за информатичко опшетество и администрација Јетон Шаќири одржа пн лајн состанок со претставници на Space Exploration Technologies Corporation – Спејс Икс, соопшти Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Министерството за информатичко општество и администрација, стои во соопштението, бара најдобри опции за обезбедување брз интернет за сите граѓани во државата, во урбаните и руралните средини кои сè уште немаат пристап до интернет, како и за можностите за подобрување на поврзаноста во сите области и градови на Република Северна Македонија.

- Advertisement -

Од МИОА дополнуваат дека ќе соработуваат со Владата и ќе бараат начини за субвенционирање на интернет конекциите за клиенти преку добро осмислен систем на ваучери, земајќи го примерот на другите европски земји, во овој случај, Германија.

Постигнување брзина на Интернет од 300 Mbps, посочува МИОА, за секое домаќинство, дури и во најдлабоките области на државата, е целта што мора да ја постигнеме на крајот од спроведувањето на овој проект.

Сподели!
- Advertisement -