Г-7 ќе одвои 100 милијарди долари годишно за сиромашните земји

- Advertisement -

Шесте најразвиени западни економии и Јапонија ќе обезбедат 100 милијарди долари годишно за помош на посиромашните земји. Ова е запишано во нацрт-коминикето со кое треба да заврши тридневниот самит во Корнвол.

Во врска со прашањето за борба против климатските промени, лидерите на Г-7 се очекува да се посветат на силни мерки. Тие ќе ветат дека ќе ги преполоват емисиите на јаглерод до 2030-та година од нивото во 2010-та година. Покрај тоа, седуммината имаат намера да го суспендираат финансирањето на проектите за јаглен во земјите во развој и да понудат финансиски надомест на секоја земја што ќе престане да користи јаглен.

- Advertisement -

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека присуството на новиот американски претседател Џо Бајден на самитот Г-7 им даде нов поттик на разговорите.

„Можеме да работиме на решавање на овие проблеми со нов импулс. И мислам дека е многу добро што станавме поконкретни“, вели Меркел.

- Advertisement -

Последниот трет ден од самитот на Г-7 во Корнвол, Англија, е посветен главно на борбата против климатските промени.

Лидерите на Г-7 се соочуваат со најважните одлуки во историјата на човештвото поврзани со климатските промени, изјави Сер Дејвид Атенбороу, кој ќе присуствува на состанокот, чија агенда е намалување на емисиите на јаглерод и враќање на биодиверзитетот. Атенбороу предупреди пред состанокот дека „луѓето се на работ да ја уништат целата планета“.

- Advertisement -

Велика Британија, САД, Канада, Јапонија, Франција, Германија и Италија се очекува да ветат дека ќе ги преполоват штетните емисии до 2030-та година во споредба со нивото од 2010-та година. Велика Британија веќе се обврза на намалување од 58%.

(Denar.mk)

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -