Kолку чини билетот за патување во вселената со Џеф Безос?

- Advertisement -

Еден богат среќен добитник плати на аукција 28 милиони долари за место за патување во вселената со основачот на Amazon, Џеф Безос. Тоа ќе биде првиот туристички лет на компанијата на Џеф Безос, Blue Origin, предвиден за 20 јули, на годишнината од слетувањето на Apolо 11 на Месечината.

Добитникот, чие име ќе биде познато за неколку недели, победи во наддавање со околу 20 учесници на онлајн аукција, која траеше помалку од 10 минути. Почетната цена за местото покрај основачот на Amazon, неговиот брат Марк и еден четврти патник беше 4,8 милиони долари.

- Advertisement -

Џеф Безос, основач на американската компанија Amazon, претходно во текот на јуни најави дека ќе биде на првиот туристички лет со својата компанија Blue Origin.

Покрај него, неговиот брат Марк и екипажот, на првиот 10-минутен „скок“ до вселената и назад ќе биде и најголемиот понудувач на добротворна аукција. Во аукцијата учествуваат речиси 6.000 луѓе од 143 земји, а парите од аукцијата ќе бидат донирани на фондацијата на Blue Origin.

- Advertisement -

(N1)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -