Виртуелно студиско патување „Современи технологии при производство на вино и производство и полнење на други пијалаци”

- Advertisement -

До 22 јуни 2021 година раководители и експерти од македонски и косовски претпријатија во областа на виното и индустријата за пијалaци може да се пријават за учество на виртуелното делегациско патување „Современи технологии при производство на вино и производство и полнење на други пијалаци“ што го организираа Баварското министерство за економиjа, медиуми, енергетика и технологија и Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија.

Целта на патувањето, како што информира Делегацијата, е воспоставување деловни контакти, размена на „know-how” и продлабочување на деловната соработка меѓу баварските, македонските и косовските претпријатија и институции.

- Advertisement -

За време на дводневниот настан, учесниците ќе добијат информации во врска со воведувањето и спроведувањето на ЕУ-регулативите, стандардите за квалитет во производството, организацијата, зголемување на производството, како и информации за иновативните технологии и решенија за проширување на асортиманот. Студиската посета, поради пандемијата, ќе се реализира виртуелно, а учеството е бесплатно.

Сподели!
- Advertisement -