САД ќе има буџетски дефицит од 3 трилиони долари во фискалната 2021 година

- Advertisement -

Дефицитот на буџетот на САД ќе се намали малку на околу 3 трилиони долари во фискалната 2021-ва година и покрај поголемите трошоци заради коронавирусот, соопшти Конгресната буџетска служба (ЦБО), цитирана од „Reuters“. Како причина се наведени посилниот економски раст и даночните приходи од претходните прогнози.

„ЦБО“ во своите ажурирани прогнози соопшти дека очекува растот на бруто домашниот производ да достигне 7,4% во 2021-ва година, врз основа на споредбите во четвртиот квартал, а потоа да се намали на 3,1% во 2022-ра година и 1,1% во 2023-та година.

- Advertisement -

Буџетскиот дефицит во фискалната 2020-та година достигна рекордни 3,129 трилиони долари поради програмите за помош по пандемијата на коронавирусот и остриот економски пад по блокадите поради Ковид-19.

Во февруари „ЦБО“ предвиде дефицит од 2,26 трилиони долари во фискална 2021-ва година, што завршува на 30-ти септември, но оваа бројка не ги вклучува ефектите од пакетот мерки во вредност од 1,9 трилиони долари на претседателот Џо Бајден за поддршка на економијата, активиран во март.

- Advertisement -

„ЦБО“ соопшти дека планот за спасување на САД додаде околу 1,1 трилиони долари на проекциите за фискален дефицит за 2021-ва година. Тие не ги вклучуваат предложените инвестиции на Бајден во инфраструктура, грижата за децата, образованието и другите социјални програми, што може да додаде уште трилиони долари ако не се надомести со даноци и други зголемувања на приходите.

Но, „ЦБО“ додаде дека посилниот економски раст од очекуваниот, поддржан од силната побарувачка на потрошувачите и се поголемиот број Американци вакцинирани против Ковид-19, ги неутрализираат ефектите на некои трошоци за спасување врз дефицитот.

- Advertisement -

„Предвидените приходи за следните десет години сега се повисоки како резултат на посилната економија и како резултат на повисоките даночни приходи“, се вели во извештајот на Комисијата со своите нови прогнози.

Дефицитот што „ЦБО“ го предвидува за фискалната 2021-ва година е 13,4% од БДП-то во споредба со 14,9% за фискалната 2020-та година. Предвидува дека дефицитот нагло ќе падне на 1,153 трилиони долари, или 4,7% од БДП-то, во фискалната 2022-ра година и до 789 милијарди долари, или 3,1% од БДП-то во 2023-та година.

Сепак, силниот раст по пандемијата не е одржлив главно како резултат на бавниот раст на работната сила во САД, забележува „ЦБО“. Тој предвидува раст на БДП-то од 1,2% во фискалните 2024-та и 2025-та година и 1,6% годишно за периодот 2026-2031 година, што е под предвидувањата од 2% за потенцијален раст на реалниот БДП.

(Denar.mk)

Сподели!
- Advertisement -