Европската унија стави забрана на продажбата на 10 типови пластични производи од еднократна пластика со цел да се забави загадувањето со пластика. Забраната, која стапува на сила на 3 јули, ќе ја забрани продажбата на на производи кои се чест отпад на европските брегови како што се капачиња од шишиња, пластичен прибор за јадење, пластични сламки, пластични садови за храна и пијалаци направени од стиропор и други.
Европа се труди од корен да го смени начинот на кој управува со пластичниот отпад. Тоа следува после зголеменото загадување со пластика на континентот и во светот. Околу 85% од морските плажи и морињата се многу повеќе загадени со пластика отколку препорачаните стандарди.
Забраната е најефективниот директен знак за европските напори да се сопре пластичното загадување. Стратегијата за пластика на ЕУ беше креирана во 2018 година со цел целосно да се смени создавањето и рециклирањето на пластиката. Според тесктот на стратегијата, сите пластични амбалажи во ЕУ до крајот на оваа деценија мора да бидат рециклирачки.
Мерките кои се преземени веќе го зголемија процентот на пластична амбалажа која се рециклира на 41,5% за само две години. Тие мерки се сметаат за најстрогите мерки за справување со пластичниот отпад на глобално ниво. Во Европа веќе се рециклира трпати повече пластика отколку во САД и се очекува тој процент допрва да расте. Според ЕУ, 50% од пластичните амбалажи во Унијата ќе бидат рециклирачки до 2025 година. Континентот веќе работи на достигнување на таа цел. Освен тоа, Унијата постави цел за собирање на 77% од отпадот од пластични шишиња до 2025 година и 90% од тој отпад до 2029 година.
Се очекува реализацијата на оваа револуционерна стратегија да се овозможи со поголема одговорност на производителите. Производителите на пластична амбалажа ќе мора да преземат целосна одговорност за својот отпад. Тоа значи дека компаниите ќе мора да платат за собирањето, транспортот и рециклирањето на отпадот.
Глобално, се рециклираат само 14% до 18% од пластичните амбалажи, што е помалку од половина од европскиот просек. САД рециклираат помалку од 10% од пластичниот отпад, според Greenpeace.
Фото – Pixabay