Со години се води расправа за тоа дали видеоигрите се добри или лоши, односно дали тие влијаат на развојот на лошото однесување кај децата. Иако бројни студии покажаа дека не е лесно да се каже дали видеоигрите се виновни за лошото однесување, има многу студии кои ги истакнуваат позитивните ефекти на играњето видеоигри.
Последната студија во низата такви го проучуваше влијанието на играта Fortnite врз малдите играчи и откри многу интересни и изненадувачки податоци. Во студијата објавена во списанието Computers in Human Behavior, опфатени биле 845 деца во основно училиште кои играле Fortnite и флипери. Следењето на нивното однесување и на нивните навики во текот на играњето покажале дека децата кои играле Fortnite се попозитивни, поотворени и попријателски настроени во однос на децата кои играле флипери, и покрај фактот дека станува збор за видеоиграа која содржи насилство.
Истражувачите истакнуваат дека Fortnite, за разлика од некои други видоеигри, не е толку временски захтевна, а различните мисии и мапи создаваат впечаток на ново искуство секој пат кога играчот се логира во играта, додека играњето со други играчи во тим поттикнува на заедништво и соработка.
Кога истражувачите ги анализирале податоците малку подобро, откриле и дека децата кои играат Fortnite имаат подобри манири. Поточно биле подготвени за помогнат и чувствувале поголема емпатија кон другите. Авторите на студијата наведуваат дека фактот дека играчите на Fortnite мора да функционираат како тим поттикнува развој на тимската работа и соработката меѓу децата, а тоа на крајот ја поттикнува и нивната емпатија за другите луѓе.
(Zimo)
(фото: Flickr)