На интернет се објавија детали за патентот кој го развива Vivo – телефон со минијатурен дрон со камери кој полетува од телефонот. Камерите на паметните телефони сега се многу напреднати што можат да ги заменагт класичните фотоапарати. Јасно е дека во иднина оптиката и напредокот на вештачката интелигенција дополнително ќе ги подобрат и ќе понудат нови опции за фотографирање и снимање.
Инженерите од Vivо, пак, имаат прилично луда идеја која ако се реализира, затоа што моментално е само патент, може да овозможи целосно нова перспектива на сминањето со смартфони. Патентот прикажува телефон во чие куќиште е скриен мал дрон на кој се наоѓаат камери. На дронот се наоѓаат четири пропелери сместени во куќиштето, инфарцрвен сензор, две камери и минијатурна батерија. Иако на мрежата нема детално објаснение на патентот, веројатно од Vivо замислиле кога дронот ќе излезе од телефонот со него да се управува преку телефон.
Таквото фотографирање и снимање од воздух ќе донесе целосно нова перспектива на пример на снимањето натпревари, а и селфи фотографиите би добиле сосема ново значење.
Со оглед на технологијата која постои сега, експеррит не веруваат дека Vivo би можел да направи таков телефон, но нивниот пристап кон мобилното, односно фотографирањето од воздух е доста интересен. Како и со сите патенти, нема гаранција дека патентот може да се претвори во вистински уред, иако не треба да ја исклучиме можноста дека во блиска иднина таквите уреди ќе станат реалност.
(Android Authority)