Песокот, една од најбитните суровини во светот, е во опасност да стане дефицитарен

- Advertisement -

Една од суровините кои најмногу се трошат во светот после водата и секојдневните егзистенцијални продукти за живот е песокот. Научниците предупредуваат дека дека песокот може да стане дефицитарен ресурс поради преголемата побарувачка.

Ние мислиме дека песок има секаде. Никогаш не помислуваме дека можеме да останеме пез песок, а тоа почна да се случува на некои места“ вели научникот Паскал Педучи од Програмата на Обединетите нации за животна средина.

- Advertisement -

Тој напоменува дека станува збор за проекција што би можело да се случи во наредната деценија или отприлика во тој временски период и дека ако не гледаме однапред и не ги предвидуваме работите, ќе имаме огромни проблеми со снабдувањето со песок, но и со планирањето на земјиштето.

„Дали е време за паника? Па, тоа сигурно нема да помогне, но време е да сфатиме и да ја смениме нашата перцепција за песокот“ додава Педучи.

- Advertisement -

Според него, потрошувачката на песок може да се мери само индиректно преку многу добра корелација меѓу употребата на песокот и цементот. ОН проценуваат дека годишно се произведуваат 4,1 милијарди тони цемент, во што води Кина, која кога е песокот во прашање учествува со речиси 60%.

Статистиката покажува дека за производство на 1 тон цемент потребни се 10 тони песок. Тоа значи дека само за изградба светот годишно троши 40 до 50 милијарди тони песок. Таа количина е доволна да се изгради ѕид висок 27 метри, кој секоја година би ја обиколувал планетата.

- Advertisement -

Глобалната стапка на потрошувачка на песок трикратно се зголеми во текот на последните две децении, делумно поради растот на урбанизацијата и индустријализацијата и далеку ја надминува брзината со која песокот природно го надоместува атмосферското дејство на ветрот и водата врз карпите.

(CNBC)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -