Развиен евтин и безболен тест за дијабетичари

- Advertisement -

Австралиски научници тврдат дека го пронашле светиот грал кога станува збор за дијабетесот. Имено, тврдат дека направиле супер евтин и безболен тест за дијабетичари. Станува збор за неинвазивна лента која го проверува нивото на глукозата со помош на плунката.

Следењето на нивото на шеќерот во крвта за многумина дијабетичари е болерн процес во кој повеќе пати дневно мора да се боцкаат на прст за капка крв која ја ставаат на тест лента за да дознаат колкаво им е нивото на глукоза. Некои дијабетичари поради тоа боцкање не вршат проверки толку често колку што треба.

- Advertisement -

Но, најновиот тест на австралиските научници работи така што ензимот кој ја открива глукозата е вграден во неговиот транзистор и преку неог се испраќа сигнал дека глукозата е присутна во крвта, опиша шефот на тимот научници, Пол Дастор, кој е професор по физика на Универзитетот Њукасл во Австралија.

Со оглед на тоа дека електрониката во тестот е всушност боја, тој може да се произведува со печатење по ниска цена, додава Дастор. Овој тест навистина отвора можност за безболно и ненинвазивно проверување на шеќерот во крвта, истакнува професорот.

- Advertisement -

Новиот тест научниците го создале сосема случајно додека работеле на соларни ќелии. Нивниот проект досега има осигурано поддршка од 4,7 милиони долари од австралиската влада за поставување фабрики за производство на тие тестови ако се биде во ред на клиничките тестирања.

(Reuters)

- Advertisement -

(фото: Max Pixel)

Сподели!
- Advertisement -