Направен најмалиот уред во светот – дебел е колку два атоми

- Advertisement -

Научници го направија најмалиот уред во светот со дебелина од само два атоми. Израелските научници сметаат дека таа технологија може уредите да ги направи побрзи, помалку густи и да трошат помалку енергија. Моменталните уреди со врвна технологија користат слични кристали составени од околу милион атоми. Во компјутерите тие уреди менуваат меѓу две бинарни состојби (1 и 0, ДА или НЕ) за да се кодираат и да се обработуваат информации.

Тој процес се одвива неверојатно брзо, односно отприлика милион пати во секунда. Ако се обидеме тоа да го објасниме сликовито, обидете се да замислите некој толку пати во секунда да пали и да гаси светло на прекинувач. Научниците сега тврдат дека тој неверојатно брз процес може да ги направи уште поефикасни.

- Advertisement -

Со намалените димензии на таа технологија на само два атоми им се овозможува на електроните да се движат меѓу слоевите со уште поголема брзина. Тоа до некаде би било слично на разликата меѓу голем прекинувач за кој е потребна одредена сила да се помести и многу помал и потенок прекинувач за сој е доволен лесен допир.

Оваа иновација не постои во природата и го приморува електричниот набој да се препознае сам себе меѓу слоевите и да создаде мала електрична поларизација под прав агол во однос на слојот. Кога електричното поле ќе се примени во спротивен правец, целиот систем се поместува за да се смени ориентацијата и притоа останува зтабилен дури и кога електричното поле ќе се изгаси.

- Advertisement -

Во тестирањето кчии резултати се објавени во списанието Science се користел модел од 1 атом бор и 1 атом азот. Оваа иновација не единствена само за азотот и борот, а користењето на ова меѓуслојно лизгање како начин за контрола на електрониката покажува голем потенцијал, сметаат научниците.

Освен кај компјутерските уреди, оваа иновација научниците очекуваат да најде примена во развојот на други детектори, уреди за скалдирање енергија и гаџети кои реагираат на светлина.

- Advertisement -

(Inpdependent)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -