Германија планира од 1 септември да предложи примена на трета доза вакцина против КОВИД-19 за постарите и осетливите лица, пишува во предлогот на Министерството за здравство, пренесува агенцијата France Presse.
Во нацрт-текстот се предлага вакцинирање и на деца и млади од 12 до 17 години. Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан и министрите за здравство на 16 германски сојузни покраини треба да го довршат тој план кој го изработиле челниците на министерствата за здравство.
Подвижните тимови за вакцинирање ќе ги посетуваат установите за нега на стари лица за да ги вакцинираат старите лица со вакцини на Pfizer/BioNTechovim и Modernа, независно од тоа која вакцина ја примиле претходно. Докторите, исто така, ќе можат да вакцинираат стари лица и пациенти со ослабен имунолошки систем.
Иако во Германија стапката на заразеност е пониска од соседните земји, последните недели расте бројот на заразени со делта варијантата, која е многу заразна. Забавеното вакцинирање предизвикува загриженост во земјата затоа што целосно се вакцинирани 52% од жителите наспрема планираните најмалку 70%.
(Zimo)
(фото: Wikimedia)