Московскиот аеродром Шереметјево е најпрометниот аеродром во Европа. Во јуни годинава рускиот аеродром, кој е главната база за Aeroflot, примил 2,94 милиони патници, со што го турна истанбулскиот аеродром IST на второ место. Турскиот најпрометен аеродром примил 2,80 милиони патници.
Московскиот аеродром Домодево, пак, кој беше најпрометниот во Европа во мај годинава со 2,22 милиони патници, падна на трето место со 2,45, а турскиот втор најголем аеродром е последниот европски аеродром на листата кој во јуни примил над 2 милиони патници.
Аеродромот Франкфурт се рангираше на шесто место со 1,78 милиони патници и е најдобро рангиран од западна Европа, а после него следуваат аеродромот Мадрид, Paris CDG и аеродромот Амстердам. Истите топ 15 аеродроми се на врвот на листата како во мај годинава, само со променети позиции. Со московскиот аеродром VKO на деветто место и Сочи на 14-то место, Русија повторно има 5 аеродроми меѓу топ 15. Турција има три – покрај двата истанбулски, тука е и Анталија, исто како и Шпанија – покрај Мадрид, тука се и Палма де Мајорка и Барселона.
Историски најчесто најпрометен аеродром беше лондонски Хитроу, но два месеци по ред годинава е на 17-та позиција.
(AirServiceOne)
(фото: Wikimedia)