Најстарата населба во Амстердам доби високотехнолошка надградба благодарение на компанијата за 3Д печатење MX3D и на компанијата за дизајн Joris Laarman Lab. Тимот неодамна го откри нивниот челичен мост, кој освен што е 3Д печатен содржи и посебна технологија која го прави паметен. Мостот ќе биде поставен на местото на еден од најстарите историски мостови во градот во округот Red Light District. Мостот ќе биде опремен со дигитална технологија која ќе го анализира однесувањето на минувачите.
Челичниот мост има капацитет да издржи минимум 19,5 тони, што е многу повеќе отколку што беше дизајниран да издржи. Според MX3D, овој успешен проект го означува почетокот на технологијата за печатење со метал.
„Оваа роботизирана технологија конечно овозможува поголеми оптимизирани дизајни да се печатат од метал .Тоа значи намалување на отпадот и намалено штетно влијание на индустријата за производство на алатки, нафта и гас“ вели извршниот директор на компанијата, Гијс ван дер Велден.
Потребни биле честири роботи и над 6.000 кг челик за да се направи мостот, но најиновативниот апскет на мостот се паметните сензори поставени на него.
Сензорите можат во реално време да мерат ротација, товар, поместување и вибрации. Прецизниот компјутерски модел им помага на инженерите не само да го следат „здравјето“ на мостот, туку и да ги разберат другите елементи како преглемиот број туристи, квалитетот на воздухот и температурата.
Но, во мостот има и вештачка интелигенција која е способна преку податоците од сензорите да го „научи“ мостот што му се случува. Првиот чекор е да го „научи“ мостот како да брои колку луѓе поминуваат по него и со која брзина.
(Inhabitat)
(фото: MX3D)