Тајланд забрани креми за сончање кои ги оштетуваат коралите

- Advertisement -

Тајландските власти забранија користење на креми за сончање кои содржат хемикалии кои се штетни по коралните гребени. Забраната важи во сите морски национални паркови, а е воведена откако е утврдено дека лосионите кои ги користат туристите за заштита од сонцето им штетат на коралите, кои и така растат бавно.

Тајландското Министерство за зачувување на околината соопшти дека четири состојки кои се наоѓаат во кремите за сончање ги уништуваат коралните ларви, ја спречуваат репродукцијата и ги уништуваат коралите.

- Advertisement -

За оние кои ќе ја прекршат забраната предвидена е казна до 2.550 евра, меѓутоа засега не е познато како ќе се спроведува законот. Забранети се сите лосиони кои содржат оксибензон, октиноксат, 4-метилбенсилиден камфор и булипарабен.

Слични забрани беа воведени на пацифичкиот остров Палау и на Хаваите, а ова е најнов обид на тајландската влада да ги заштити коралите од туристичката индустрија.

- Advertisement -

Плажата Maya Bay на островот Phi Phi Leh, позната по снимањето на филмот The Beach, затворена е од 2018 година поради тоа што најголем дел од коралите таму се уништени.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -