Новозеланѓанец ќе лансира ракета на Месечината

- Advertisement -

Приватната вселенска компанија Rocket Lab, која ја основаше новозеландскиот инженер и претприемач Петер Бек, се специјализираше за лансирање на мали сателити во орбитата околу Земјата со помош на своите Electron ракети, но до крајот на годината сака да го реализира својот најамбициозен проект – да ја лансира мисијата CAPSTONE, која ќе претставува претходница на програмата Artemis на НАСА за враќање на луѓето на Месечината.

Мисијата CAPSTONE (Cislunar Autonomous Positioning System Technology Operations and Navigation Experiment) ќе стигне во вселената исто така со ракета Electron, но ќе ја користи новата платформа Photon за превоз на сателити со пропулзија во орбитата на Месечината, каде што ќе служи за тестирање на одредени фази од мисијата Artemis на НАСА, вклучувајќи и погон за достигнување на високата орбита на Месечината и навигациски системи, со што на НАСА треба да и помогне Gateway леталото да се приближи до Месечината и да кружи околу неа во стабилна орбита.

- Advertisement -

Воедно, CAPSTONE би можел да послужи Rocket Lab да се искупи за проблемите кои ги имаше во последно време со дефекти на ракетите, додека истовремено ќе покаже дека компанијата може да се носи со особено амбициозни проекти. Ако се помине во ред, лансирањето на мисијата треба да се случи на крајот на годинава од станицата за полетување на компанијата во Нов Зеланд.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -