Дел од вработените на Џеф Безос дадоа отказ и заминаа кај Илон Маск

- Advertisement -

После успешниот вселенски лет на Џеф Безос очекувано е ситуацијата во неговата компанија Blue Origin да биде оптимистична и да се работи на нови проекти и нови вселенски летови. Но, како што пренесуваат медиумите, моментално компанијата се соочува со две работи – тужбата која ја поднесоа против НАСА и откази од вработените.

Имено, во текот на изминатите неколку месеци компанијата ја напуштија повеќе директори, менаџери и инженери, при што Безос најмногу го погодува фактот што мал дел од тие кои повеќе не работат за него сега работат за неговиот најголем конкурент – Илон Маск.

- Advertisement -

Она што е посебно интересно е што луѓето продолжиле да ја напуштаат компанијата и после успешниот лет во вселената. Иако на прв поглед тоа изгледа загрижувачко, од Blue Origin се обидуваат да ја смират ситуацјата и нагласуваат дека не е невообичаено вработените да бараат нови предизвици во оваа многу конкурентна индустрија и дополнително поради притисоците предизвикани од пандемијата на корона вирусот.

Бројот на луѓе кои го напуштиле Безос е многу помал од бројот на нововработени. Имено, во 2020 година вработени се нови 850 луѓе, додека годинава тимот се прошири за уште 650 вработени.

- Advertisement -

Интересно е тоа што после успешниот вселенски лет Blue Origin исплати бонус од 10.000 долари. Тогаш нагласија дека тој бонус нема врска со заминувањето на вработените, односно дека не е мотивација за луѓето да останат во компанијата, туку така им изразуваат благодарност за трудот кој го вложиле.

(Fox Business)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -