ВИДЕО: Погледнете како изгледа возењето со hyperloop побрз од авион

- Advertisement -

Патувањето со брзина од 1.070 км на час по копно, а не во воздух звучи неверојатно, но од Virgin Hyperloop тврдат дека нивната најнова технологија го овозможува токму тоа – удобен, безбеден и тивок начин на транспорт со брзини кои ги надминуваат брзините на комерцијални авиони.

Virgin Hyperloop, компанијата на милијардерот Ричард Бренсон, објави видео во кое објаснуваат како нивните патнички модули забрзуваат во услови на речиси апсолутен вакуум со помош на електричен погон, „летајќи“ без речиси воопшто да ги допираат шините. Тоа им го овозможува магнетната левитација, која го ограничува аеродинамичниот отпор.

- Advertisement -

Според нивното промотивно видео, нивниот дизајн е трипати побрз од најбрзите „маглев“ возови кои моментално се во употреба во Јапонија, Кина и во Јужна Кореја.

Со брзина на движење од 1.070 км на час, Virgin Hyperloop системот е 10 пати побрз од типичниот комерцијалн воз. Побрз е и од најголем дел од патничките млазни авиони, но за разлика од нив, нема штетно влијание на околината.

- Advertisement -

Патничките модули на Virgin Hyperloop можат да патуваат во групи, но не се поврзани како традиционалните железнички вагони, па затоа не мора ни да одат заедно до иста дестинација за да се раздвојат, туку можат да го направат тоа во текот на патувањето, објаснуваат во видеото.

VIrgin Hyperloop во ноември 2020 година направи тест возење на системот во кој учествуваа соосновачот на компанијата, Џош Гигел и директорката за односи со јавноста, Сара Луцијан. Тест-возењето не беше долго – само 500 метри во метална цевка ов склоп на тест-полигонот на компанијата во Невада, САД. Патувањето траеше само 15 секунди, а модулот забрза до околу 160 км на час.

- Advertisement -

Возењето со тој систем од Њујорк до Вашингтон би завршило за половина час, што е половина помалку од од летот со патнички авион на истата релација. Предвидуваат дека Virgin Hyperloop ќе биде комерцијално операбилен веќе во 2027 година и дека ќе го револуционизира транспортот исто како што претходно се случи со возовите, автомобилите и авионите.

Постојат планови за изградба на Hyperloop мрежа во Индија и во Саудиска Арабија, а во август годинава Сенатот одобри нов закон за инфраструктура и вработување, во кој се вклучени и субвенции за Hyperloop технологија.

(Daily Mail)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -