Од почетокот на пандемијата, трговските центри даваат огромна поддршка во борбата против КОВИД-19. Иако, трговските центри и закупувачите претрпеа големи загуби во последната 1,5 година од почетокот на пандемијата, беа имплементирани сите прописи со најголеми заложби. Сега себеси се гледаат како да се причина за ширењето на вирусот, иако додека немаше рестрикции за невакцинираните посетители, бројот на заболени беше дури под 5 луѓе. Ова е показател дека трговските центри не се места каде што се шири вирусот. Додека трговските центри и трговците се опоравуваат од големиот удар, оваа одлука целосно ќе го уништи секторот.
Носењето маски е задолжително во трговските центри, има ограничувања на бројот на посетители во продавниците, постојат сигнализации за одржување на растојание, во секој агол постојат средства за дезинфекција, има распоред за дезинфекција на сите места со кои посетителите стапуваат во контакт, сите системи за вентилација се чистат и дезинфицираат редовно.
Не може да се обвинуваат трговските центри дека стапката на вакцинација е под 30%, бидејќи немаше кампањи за свест за вакцинација, затоа што немаше повратен одговор на предлозите на трговските центри за кампања за свест за вакцинација, не може да се обвинуваат за секоја организирана свадбена прослава каде се создадоа многу кластери, каде што не се бараше сертификат за вакцинација или ПЦР тест како доказ за присуство на настани, концерти и музички фестивали во земјата, дополнителнио на патниците/туристите кои влегува во земјата не беа обврзани да покажат негативен ПЦР тест / сертификат за вакцинација, што е случај кога посетуваат 99% од земјите во светот.
Ако е целата на рестрикциите за трговски центри беше подигнување на бројот на вакцинирани трговските центри секако би ги поддржале одлуките на владата, доколку за нив имаше најава како и период за припрема за спроведување на истите. Потребно беше да има големи кампањи за да се крене свесноста за вакцинација пред рестрикциите, да се прифатат сугестиите за кампањи за се крене свесност и да се направеа поголеми рестрикции за концерти, свадбени прослави, влез во земјата пред новиот бран да ја погоди земјата. Свесни сме дека мора да преземеме взаемна акција и да покажеме голема загриженост во однос на новиот сој кој што се шири многу побрзо, но тоа треба да биде взаемна одговорност. Со оваа одлука не споделуваме одговорност и за жал трговските центри се користат за да се зголеми стапката на вакцинирани лица без никакви претходни најави, консултации и заеднички напори. Моловите се скоро празни, што значи дека преку трговските центри не може да се зголеми процентот на вакцинирани лица.
Во Европа гледаме слични одлуки на владите, но со голема разлика, бидејќи одлуките не беа носени преку ноќ без претходна јавна објава и подржани со големи кампањи за кревање на свест за вакцинација, дополнително и рестрикции за влез во земјите и рестрикции за организирање големи настани.
Не можеме да го зголемиме процентот на вакцинација само со казнување на бизнисите, Владата треба да превземе поголема одговорност и да бараат нови начини за да ги поттикнат граѓаните да примат вакцина.
Земјите во регионот имплементираат различни методи за да мотивираат повеќе граѓани да се вакцинираат и не постојат ограничувања за влез во трговските центри. Исто така, бевме сведоци дека владите соработуваа со трговските центри каде што имаше многу пунктови за вакцинација во трговските центри. Вооедно, имаше сугестии за соработка во нашата земја, но за жал немаше никаков повратен одговор. Разбираме дека не можеме да ги копираме решенијата на другите земји. Но треба да разбереме што стои зад колебањето во однос на вакцинацијата и треба внимателно да размислиме дали има решение што ќе има поголемо влијание на нашиот ментален склоп.
Трговските центри и нивните трговци бараат да се укинат рестрикциите за невакцинираната популација во најкраток можен рок. Доколку истите продолжат без имплементирање и подингување на свесност, многу трговци и брендови ќе бидат приморани да ги затворат своите бизниси. Многу луѓе се плашат да се вакцинираат, наместо воведување на рестрикции за луѓето, одлуките на владата треба да ги мотивира и да даде решение на овој проблем. Рестрикциите имаат ограничено дејство и спротивниот ефект што може да се предизвика може да биде далеку поголем.
(фото: Hippopx)