Руското Министерство за одбрана ги одобри техничките спецификации за дизајнот на прецизниот беспилотен систем за наоружување ZALA Lancet, а првите тестирања на тие дронови треба да почнат на крајот на оваа година. Производителот на дроновите, групацијата Калашников, ја соопшти одлуката на руското Министерство за одбрана на 25 август во текот на меѓународниот воен форум Army-2021, кој беше одржан во Кубинка во близина на Москва.
Дронот Lancet припаѓа на категоријата т.н. лутачки воздушни стрелци, затоа што може да се задржи над еден регион додека ја бара конкретната цел. Кога ќе ја најде целта, тој дрон камиказа оди во фаза на напад како проектилите воздух-земја. Се разбира, при ударот освен целта се уништува и себеси.
Тој нов дрон го дизајнираше компанијата ZALA Aero, која припаѓа на една од компанииите од групацијата Калашников, а името Lancet не го доби поради својот изглед, туку поради исклучителната прецизност. Досегот му е 40 км и може да погоди цел со хируршка прецизност, односно така барем тврди производителот.
Калашнико го претстави Lancet во јуни 2019 година, а во тоа време руската државна корпорација Rostec ги истакна и предностите на таквиот систем за наоружување. Пр ата предност е тоа дека ваквите летала штедат време затоа што веќе се на терен и подготвени за акција, односно за напад на непријателски цели.
Другата предност е тоа што станува збор за мал и лесен систем направен од пластика и композитни материјали, поради што е невидлив за традиционалните одбранбени радарски системи. Трето, велат дека е поевтино да се погоди некоја цел со дрон отколку со високо прецизен проектил.
Lancet го има во повеќе варијанти, а максималната брзина му е од 80 до 110 км на час, носивоста му е до 3 кг, а максималната тежина при полетување е 5 кг за Lancet-1 и 12 кг за Lancet-3. Освен тоа, Lancet е паметен дрон, способен за повеќенаменски задачи и автономно пронаоѓање на целите.
(Sputnik)
(фото: Zala Aero)