Мате Римац со изградбата на кампусот во Света Недела го остварува својот детски сон – да направи нешто големо. Но, нема да застане на тоа. Во разговор за Dnevnik Novа TV тој откри дали и кога компанијата ќе излезе на берза и кога на загрепските улици ќе пристигнат роботизаните такси возила.
Со изградбата на кампусот во Света Недела се отвораат многу работни места, но тоа е и прилика за развој на целата земја и привлекување на инвеститори. Иако концептот на кампусот е едноставн, Римац откри каде пронашол дел од инспирацијата за тоа.
„Има некои примери како кампусот на Apple или на Мекларен во Велика Британија. Оваа комбинација која ја имаме е уникатна исто како и начинот на којшто ќе работиме. На пример, нема да има ограи, луѓето ќе можат да учестуваат, а се ќе биде концентирано околу природата. Не е направено само да биде убаво. Сакаме на сите што ќе работат таму да им биде најудобно“ објасни Римац.
Во кампусот ќе се произведуваат автомобили и клучни компоненти за Rimac Automobili, како и големи серии на батерии и погонски системи за Porsche, Mercedes и други производители.
„Уште сега се гледа дека кампусот ќе биде мал и ќе мора да се шириме. Ќе работиме на тоа на два начини – со фабрики покрај фабриките на нашите купувачи (на пример, во Братислава се произзведува Porsche и ние ќе мора да изградиме фабрика во Братислава) и со градење фабрики ширум Хрватска“ појасни тој.
Го најави и проектот за такси возила во Загреб.
„Ние ќе ги покажеме роботизираните такси на почетокот на идната година. Сакавме да ги доведеме до зрела фаза пред да ги покажеме“ објасни Римац.
Рече и дека размислуваат за излегување на берза, но ќе го ќекаат вистинскиот момент. Сега завршуваат со спојувањето со Bugatti, што е голем потфат. Почнуваат со сериско производство на Neverа и градат кампус истовремено. Ќе размислуваат за сигурно излегување на берза кога ќе се слегне прашината за тие два големи проекти.
(Dnevnik.hr)
(фото: Wikimedia)