Салвадор стана првата земја во светот која го воведе биткоинот како официјална валута

- Advertisement -

Од денеска Салвадор е првата земја што го прифати биткоинот како легално средство за плаќање.

Додека проектот за воведување на биткоинот како официјална валута во оваа мала земја од Централна Америка со околу 6,4 милиони жители се соочува со скептицизам од напредните економии и ММФ, некои го сметаат за револуционерен, пишува „Фајненшл тајмс“ и нагласува дека криптовалутите се попривлечни во земјите со историја на финансиска нестабилност и често стануваат алтернатива на слабите национални валути

Спротивно на предупредувањата на големите економии и финансиските регулатори, но и среде несогласувања на мнозинството од населението, Салвадор стана првата земја во светот која го воведе биткоинот како официјална валута, што аналитичарите веруваат дека може да влијае на позицијата на криптовалутата во глобалниот финансиски систем.

- Advertisement -

Биткоинот, заедно со американскиот долар, усвоен во Салвадор во 2001 година и кој се користи како „референтна валута“, станува официјална валута на најмалата централноамериканска држава и мора да се прифати како средство плаќање кога ќе се нуди, освен ако добавувачите или примачите немаат технологија за извршување трансакции. Нема да подлежи на данок на капитална добивка, па дури може да се искористи за плаќање даноци.

Владата формираше фонд од 150 милиони долари во Развојната банка на Ел Салвадор, кој ќе се користи за претворање на биткоинот во американска валута. Сепак, како што објавува „Тајмс“, 70 проценти од населението не користи банки. Исто така, употребата на биткоинот бара пристап до интернет, а само 45% од земјата е покриена со таква мрежа.

- Advertisement -

Претседателот на Салвадор, Најиб Букеле, вети дека ќе изгради инфраструктура што ќе му овозможи на руралното население да се поврзе на интернет.

Повеќето жители на Салвадор не се согласуваат со владината одлука да го прифати биткоинот како легално средство за плаќање, а многумина не знаат како да користат дигитална валута и се недоверливи кон овој проект, покажа студијата на Централноамериканскиот универзитет.

- Advertisement -

Фото – Pxhere

Сподели!
- Advertisement -