Ова се градовите каде што е најлесно да се оди пешки

- Advertisement -

Рангирани според тоа колку се блиски зоните каде што нема автомобили, ова се градовите во светот каде што е најлесно одењето пеш.

На петто место се најде Лондон, на четврто место е Богота, на трето е Париз на второ е Москва и на прво место е Хонгконг.

- Advertisement -

Зошто е битно градовите да се практични за одење пеш? Затоа што градовите каде што луѓето лесно може да се движат се поправични и поекономични. Одењето е бесплатно и не ги загрозува другите луѓе во сообраќајот. Освен тоа, тоа е здраво за нас самите, но и за нашата планета.

Понатаму, градовите каде што одењето пеш е лесно и практично можат да изградат потесно поврзани заедници. Исто така, истражувањата покажуваат дека во таквите градови е пониска стапката на криминал.

- Advertisement -

Истражувачи ги анализираа потребите на децата и на луѓето што се грижат за нив за да формираат критериуми за леснотијата на движење. На бебињата и на малите деца им е потешко движењето отколку на останатите луѓе. Тоа значи дека ако тие и луѓето што се грижат за нив можат лесно да се движат во некој град, истото можат да го прават и сите други.

На децата им треба и доста физичка активност и чист воздух. Затоа градовите што се добри за децата се добри и за сите жители.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -