Изгледа дека љубителите на Apple идната година навистина ќе доживеат несекојдневен момент. Легендарната изрека на Стив Џобс со која на крајот на конференција знаеше да ги изненади присутните и да претстави некој нов неочекуван производ. Во овој случај сигурно нема да биде непознат производ со кој ќе не изненади Тим Кујк, но секако станувазбор за сосема нов производ на Apple, со кој компанијата ќе влезе на пазарот за виртуелна и проширена реалност.
За очилата за VR и AR се зборува долго време и изгледа дека сме се поблиску до денот кога Кук и неговиот тим ќе го претстават првиот уред од таа категорија. Последните гласини се дека тоа ќе се случи во втората половина од 2022 година, а тоа го потврдува и аналитичарот Минг Чи-Куа.
Според тие информации, Apple веќе завршил со вотрата фаза од тестирањата на прототипот на новиот уред и масовното производство може да се очекува во вториот квартал од 2022 година, а официјалното претставување и продажбата во втората половина од идната година.
Сепак, првиот таков уред веројатно нема да биде наменет за обичпните корисници, туку за девелоперите и за компаниите. Тој уред за виртуелна реалност треба да има камера, ласерски оптички сензор и ќе може да се поврзе со iPhone или Mac. Засега се споменува цена од околу 2.000 долари.
(Mac Rumors)
(фото: Wikimedia)